Ливерпул го надмудри Јунајтед – Гакпo доаѓа на „Енфилд“

Холандскиот репрезентативец Коди Гакпo е нов фудбалер на Ливерпул, пренесува доброупатниот Фабрицио Романо. „Црвените“ веќе ги договориле условите за трансфер со ПСВ за рекордна сума за холандскиот клуб. И покрај тоа што истата не е детално позната за јавноста очекувањата се дека станува збор за преселба вредна 37 милиони евра која со дополнителните бонуси може да достигне 50 милиони евра.

Гакпо во следните денови ќе допатува во Англија каде се очекуваат медицинските прегледи и официјалната претстава во јавноста за тој да биде дел од тимот уште на самиот почеток на јанури. Тој долго беше желба на тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, но раководството на манчестерскиот клуб не успеа да ги договори условите за трансфер од ПСВ.

Се вчитува...