Ливерпул го објави официјалниот датум за спектакуларна прослава

Ливерпул официјално најави големо славје на градските улици по повод освојувањето на јубилејната 20. титула во Премиерлигата. Парадата ќе се одржи на 26. мај и ќе трае од три до пет часа.

Автобус со играчите и стручниот штаб ќе се движи низ најпознатите делови на градот каде се очекува повеќе од еден милион навивачи.

Оваа прослава ќе биде и еден вид на дополнување за пропуштената прослава во 2020 година кога пандемијата на Ковид-19 не дозволи фешта низа улиците на Ливерпул.

Се вчитува...