Ливерпул и по гостувањето на „Стемфорд бриџ“ има максимален ефект во Премиер – лигата, вкупно 18 бода по шест натпревари. „Црвените“ славеа на дербито против Челси со 1-2 и ја задржаа предноста од пет бода на врвот на табелата пред Манчестер Сити.
Трент Александер-Арнолд во 14.минута го доведе Ливерпул во водство, а Роберто Фирмино ја удвои предноста во 30.минута. Нголо Канте намали во вториот дел, но Челси немаше сили да стигне до израмнување.
Арсенал направи супер-пресврт против Астон Вила и славеше со 3-2 иако на полувремето имаше негатива (0-1) и играч помалку по исклучувањето на Маитланд – Најлс. Мекгин донесе предност за Астон Вила, а по одморот вистинска голеада. Пепе израмни од пенал, но само две минути подоцна Весли повторно донесе предност за гостите. Сепак, Арсенал стигна до триумф со головите на Калум Чемберс и на Пјер – Емерик Обамејанг во финишот од дуелот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА