Ливерпул низ престојниот предеон рок ќе се обиде да го ангажира хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ.
„Во Интер беа свесни дека порано или покасно некој ќе затропа на вратата по Марсело Брозовиќ. Пристигна и тој момент. Хрватскиот репрезентативец е пред преселба во Ливерпул“ – пренесуваат дел од италијанските медиуми.
Според информациите, веќе реализирани се контактите меѓу агентите на Брозовиќ и Ливерпул, и покрај тоа што Интер се обидува да го задржи Хрватот нудејќи му нов договор.
27-годишниот Брозовиќ, кој во Интер пристигна пред четири години, има договор со „нераѕурите“ до јуни 2022 година. Неговата откупна клаузула изнесува 60 милиони евра. Доколку Ливерпул ја плати таа сума, Брозовиќ ќе биде најскапиот хрватски фудбалер на сите времиња. Во моментов во Интер заработува 3,5 милиони евра годишно, а во новиот договор тимот од Милано му нуди шест милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

