Мохамед Салах е клучен играч на Ливерпул и во новата сезона, но „црвените“ немаат попуст за египетската ѕвезда кога станува збор за почитувањето на британските закони.
Имено, по вчерашниот триумф над Вест хем се појави видео од Салах како заминува во своето возило, притоа користејќи го мобилниот телефон. Британците се децидни за вакви ситуации – кога работи моторот на возилото, возачот не смее да држи телефон во рацете, па веднаш се крена прашина бидејќи станува збор за голема фудбалска ѕвезда.
Сепак, Ливерпул остана на ставот дека законите мора да важат еднакво за сите, па видео-снимката во сопственост на клупската телевизија ја предаде на полицијата.
„По дискусиите што ги имавме со фудбалерот, ја информиравме полицијата за постоењето на оваа снимка. Ги објаснивме и околностите под кои е настаната, разговаравме со Салах и целата ситуација ќе ја решиме интерно. Ниту клубот ниту самиот фудбалер нема да коментираат на оваа тема во иднина“ – се вели во соопштението на клубот од „Енфилд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА