Ливерпул го прескокна Милан – Влаховиќ е на чекор до „Енфилд“

Душан Влаховиќ е подготвен да си замине од Јувентус веќе во јануари, но последните информации говорат дека тоа нема да биде во Милан иако „росонерите“ важеа за фаворити во трката за потпис на српскиот репрезентативец.

Ливерпул сега е лидер во оваа трка, откако „црвените“ ги интензивираа преговорите во последните денови и го престкокнаа Милан во обидот да го осигураат потписот на овој врвен голгетер. Ливерпул е во потрага по нов напаѓач по повредата на Исак, а фактот дека Влаховиќ е достапен за ниска отштета бидејќи летово ќе стане слободен играч го прави Србинот идеален кандидат.

Јувентус бара 20 милиони евра, сума што Ливерпул очекува дополнително да ја спушти, па за максимум 15 милиони евра да го комплетира овој трансфер.

Влаховиќ би имал значајна улога во тимот до крајот на оваа сезона, а со оглед на фактот дека цената не е висока, англискиот гигант би можел и добро да заработи доколку реши да го продаде во наредниот период.

Се вчитува...