Ливерпул го преслуша Арсенал, првиот гол е ремек-дело што ги воодушеви навивачите (видео)

Ливерпул славеше со 2-1 на пријателскиот натпревар против Арсенал одигран во Филаделфија, втор триумф на Арне Слот во подготвителниот период од дебитантската сезона на холандскиот стратег како предводник на „црвените“.

Особено импресивен беше првиот гол на Ливерпул, кога по беспрекорна тимска акција Мохамед Салах истрча зад противничката одбрана и го матираше голманот на „топчиите“. Слот важи за тренер кој инсистира на игра со што повеќе посед на топката, па навивачите на Ливерпул не го криеја воодушевувањето што фудбалерите веднаш го прифатија она што новиот тренер го бараше од нив.

Португалецот Фабио Карвалјо зголеми на 2-0 на асистенција на Харви Елиот, Арсенал пред крајот на полувремето намали на 2-1 преку Хаверц, а потоа темпото на игра во вториот дел опадна по бројните замени, па дуелот заврши со конечни 2-1 за Ливерпул.

Се вчитува...