Арне Слот имаше перфектен старт на авантурата како наследник на Јирген Клоп откако новиот тренер на Ливерпул ја забележа и третата победа на турнејата низ САД, овојпат над Манчестер Јунајтед со убедливи 3-0.
„Црвените“ беа без помошта на Ван Дајк, Алисон Бекер, Трент Александер Арнолд, Гакпо… но и со таков состав успеаја да му одржат лекција на лутиот ривал. Првиот гол беше дело на Карвалјо, кој повторно како и на мечот со Арсенал успеа да се запише меѓу стрелците, наметнувајќи се кај новиот тренер откако од Клоп беше испраќан на позајмици во други клубови.
На 2-0 во второто полувреме зголеми Куртис Џонс на асистенција на Салах, а конечните 3-0 ги постави левиот бек Циципас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА