Екипата на Ливерпул и натаму е во очајна форма. Денеска англискиот првак претрпе пораз од Нотингем Форест со убедливи 0-3, и тоа беше најубедливиот пораз од оваа екипа после неверојатни 117 години.
Нотингем во 1908 година го порази тимот со 5-1. Нотингем исто така ја запиша и првата победа во историјата на „Енфилд“.
Ливерпул е во очајна форма, и во последните седум меча има шест порази, односно загуби осум на последните 11 меча во сите натпреварувања, што е една од најлошите серии на тимот во последните години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

