Бразилскиот репрезентативен голман Алисон Бекер и официјално е нова аквизиција на англискиот премиерлигаш Ливерпул. Клубот од „Енфилд роуд“ предмалку го претстави своето големо засилување, кое пристигна за рекорден трансфер на еден голман во историјата. Ливерпул на Рома ќе и плати 75 милиони евра.
„Кога ни се појави можноста во изминативе денови да го потпишеме еден од најдобрите голмани во светот, не разислувавме воопшто. Брзо реагиравме и среќни сме што успеавме да ја завршиме работата. Тој е одличен голман, има големо искуство во Европа со оглед дека настапуваше за Рома, и неговото познавање на англискиот јазик е навистина добро. Сето ова не право дополнително среќни и се надеваме дека заедно ќе оствариме многу успеси“, изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, за ангажманот на Алисон Бекер.
?? x ?https://t.co/t4msWAm2sU pic.twitter.com/jTq9gqOFI4
— Liverpool FC (@LFC) July 19, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА