Новиот англиски првак Ливерпул го доведе првото засилување за следната сезона. Грчкиот интернационалец Костас Цимикас потпиша петгодишен договор со „црвените“ и пристигна на „Енфилд Роуд“. Тој треба да ја засили конкуренцијата во одбраната на тимот на Јирген Клоп по заминувањето на Дејан Ловрен во Зенит.

„Среќен сум и горд што ќе го носам дресот на Ливерпул. За мене ова е најголемиот клуб во светот. Ќе дадам се од себе за да бележиме успеси и во наредниот период. Мојот брат е голем фан на Ливерпул и тој цело време притискаше да дојдам тука“, изјави Цимикас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

