Ливерпул го промовираше Гравенберх

Ливерпул и официјално го ангажираше Рајан Гравенберх од Баерн Минхен, потврди вечерва клубот од Енфилд. Екс англискиот првак ќе плати 40 милиони плус пет за бонуси, а договорот е потпишан на пет години.

Тој станува четвртото засилување за Ливерпул, и тоа четврто во средниот ред после Алексис Мекалистер, Доминик Собослаи и Ватару Ендо.

Холандскиот играч на голема врата дојде во Баерн Минхен, но никогаш не успеа да се намтне. Тој забележа 33 настапи за „Баварците“, но главно влегуваше од клупата или ја напушташе предвреме играта.

Се вчитува...