Ливерпул го реши и Арсенал и се доближи на само минус еден зад Сити (ВИДЕО)

Ливерпул славеше на гостувањето кај Арсенал со 0-2 во заостанатиот натпревар од 27. коло во англиската Премиер-лига и со тоа ја направи суперинтересна борбата за титулата со Манчестер сити.

Откако мируваа мрежите по првото полувреме, водство за „црвените“ донесе Диого Жота во 55. минута. Конечните 0-2 ги постави Роберто Боби Фирмино во 62. минута. Со оваа победа Ливерпул се доближи на само еден бод зад првопласираниот Манчестер сити и ја направи суперинтересна борбата за титулата во Премиер-лигата. Арсенал од друга страна до крајот ќе води битка со Јунајтед и Тотенхем за последното место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

 

 

 

 

Се вчитува...