Ливерпул го совлада Барнли и изби на врвот во Премиерлигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул се вратија на лидерската позиција во англискиот елитен шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Барнли со 0-2.

„Црвените“ поведоа уште во 6. минута од натпреварот кога Давид Нуњез на асистенција на Коди Гакпо го постигна погодокот за 0-1.

Гостите преку Елиот ја затресоа мрежата на Барнли и во 55. минута, но овој погодок по прегледување со ВАР беше поништен поради офсајд. Сепак, до крајот избраниците на Јирген Клоп стигнаа и до втор гол, откако во 90. минута Жота стрелаше за 0-2.

Ливерпул со овој триумф изби на врвот на табелата во Премиерлигата, но останува Арсенал да го одигра мечот од 19. рунда против Вест Хем на домашен терен.

 

Burnley 0 – [1] Liverpool – Darwin Nunez 6′
byu/PSGCampus insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...