Ливерпул го урна светскиот рекорд во заработка

Ливерпул го урна светскиот рекорд во неоданочена заработка во една финансиска година откако објави дека инскасирал 125 милиони во периодот 2017/18. Патот од квалификациите до финалето во Киев во Лигата на шампионите како и продажбата на Филипе Кутињо на Барселона се клучните аргументи за заработката кој по оданочувањето е 106 милиони фунти.

Клубот соопшти и дека 190 милиони фунти инвестирани за засилување на тимот на Јирген Клоп кој се бори за титулата во Премиер-лигата се рекордни во историјата на клубот. Ливерпул сезонава води жестока битка за титулата во Англија со Манчестер Сити. Двете екипи имаат по 62 бода, Сити има подобра гол разлика, но Ливерпул е со натпревар помалку.

 

Се вчитува...