Ливерпул веќе се подготвува за „живот“ без Јирген Клоп, кој на крајот на сезоната си заминува од клубот. Поради се почестите повреди на играчи од средината на теренот (Алкантара, Гравенберх), „црвените“ имаат намера токму тука да го засилат тимот.
Изборот паднал на играчот на Порто, Алан Варела. Веќе некое време скаутите го следат 22-годишниот играч од средниот ред, кој има одлични настапи во дресот на португалскиот гигант.
Проблем е неговата откупна клаузула, која изнесува 70 милиони евра, меѓутоа Ливерпул со преговори ќе се обиде да ја намали на барем 50 милиони евра.
Аргентинецот наскоро се очекува да го има и своето деби за националниот тим. Ливерпул веќе имаше неколку неуспешни обиди за носење на играчи во средниот ред, а голема врева се крена околу Моисес Каиседо кој на крајот заврши во Челси, но без забележителни настапи за „сините“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА