Дефанзивецот на Ајнтрахт Франкфурт, Вилиан Пачо е најновата „мета“ на премиерлигашите Арсенал и Ливерпул. Според него клубовите побарале информации за трансфер на 22-годишниот фудбалер од Еквадор.
Пачо дојде во Ајнтрахт од Антверпен минатата година, и веднаш го сврте вниманието по одличните настапи. За овој дефанзивец е заинтересиран и Реал Мадрид.
Според информациите, тимот од Франкфурт е подготвен да се откаже од Пачо за сума од 50-60 милиони евра. Го купија во текот на минатото лето за само 9 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА