Англиските премиерлигаши Арсенал и Ливерпул се во сериозна трка за ангажман на бразилскиот интернационалец Бернард од редовите на Шахтјор Доњецк. Тој веќе пет години е член на украинскиот клуб, а актуелниот договор му истекува на крајот од јуни, по што ќе може како слободен агент да му пристапи на новиот клуб. Ова е доволно привлечно за Арсенал и за Ливерпул да се обидат да го привлечат одличниот крилен играч, нудејќи му да ја продолжи кариерата на Островот.
Минатата сезона Бернард постигна 10 гола и имаше четири асистенции на 29 натпревари во составот на Шахтјор Доњецк. Покрај англиските клубови, за него постои сериозен интерес и од Кина, но тој преферира да замине во Премиер – лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА