Англиските премиерлигаши Ливерпул и Арсенал се вклучија во трката за ангажман на колумбискиот интернационалец Хамес Родригез. Тој ова лето ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“ по двегодишната позајмица во Баерн Минхен, но речиси сигурно нема да остане во Реал Мадрид. Оттаму и битката на англиските клубови за неговиот потпис.
Ливерпул и Арсенал се подготвуваат за финалните битки, „црвените“ во Лигата на шампионите против Тотенхем, „топчиите“ против Челси во Лигата на Европа, но размислуваат и за следната сезона. И на двата тима им е потребен креативец од калибарот на Хамес Родригез.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, верува дека со него тимот ќе добие на атрактивност, но и ќе создава уште повеќе шанси за брзите напаѓачи. Унаи Емери исто така сака да го засили тимот со уште еден одличен играч за врска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА