Ливерпул славеше на гостински терен против Арсенал со 0-2 во дерби-пресметката од третото коло во англискиот ФА Куп, дополнително продлабочувајќи ја кризата на „топчиите“ кои врзаа три порази во низа за првпат оваа сезона. Јирген Клоп не можеше да смета на половина тим, покрај Салах, Ендо и Собослаи денеска остана и без болниот Ван Дајк, но и со таков состав успеа да го изненади големиот ривал.
Арсенал има за што да жали, особено за промашените шанси во првото полувреме во кои „топчиите“ имаа многу повеќе од играта. Едегард ја затресе гредата од голот на Алисон, додека Хаверц промаши неколку одлични ситуации со кои домашниот состав можеше уште во првиот дел да го реши прашањето на победникот.
Ливерпул заигра нешто подобро во вториот дел, двете екипи имаа свои шанси, но победникот беше решен во завршните десетина минути. Најпрвин Кивиор со автогол го отвори резултатот во корист на Ливерпул по центаршутот на Александер Арнолд, а конечните 0-2 буквално во последните секунди ги постави Луис Дијаз.
Deadlock: Broken 🔓@LFC have lift-off!#EmiratesFACup pic.twitter.com/1GNRgi9Nsl
— Emirates FA Cup (@EmiratesFACup) January 7, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА