Дарвин Нуњез дојде во Ливерпул од Бенфика во летото 2022 година со отштета од 85 милиони евра.
Така, тој стана најскапиот трансфер во историјата на клубот. И покрај тоа што има договор со „црвените“ до летото 2028 година, клубот повеќе не смета на него.
„Нуњез се очекува да го напушти Ливерпул на лето. Клубот ја одби понудата од Ал Наср во јануари, но ќе ги разгледа сите опции во следните месеци. Нуњез исто така сака да продолжи понатаму“, пишува Фабрицио Романо.
Ливерпул плати рекордна сума за уругвајскиот напаѓач откако Нуњез имаше одлична сезона за Бенфика, но тој не беше ни блиску до португалското ниво кај „црвените“. На 138 натпревари за Ливерпул постигна 40 гола, но е далеку попознат по големите промашувања.
Оваа сезона, тој постигна седум гола на 42 натпревари, но само 17 пати беше стартер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА