Ливерпул и Манчестер јунајтед, оправдувајќи ја фаворитската улога, се пласираа во четвртата рунда од натпреварите во ФА Купот откако во 3. коло славеа против Евертон односно Дерби Каунти.
Ливерпул, во локалната дерби пресметка, славеше со 2-1 против Евертон благодарение на погодокот на Ван Дајк во 85. минута од средбата, кој имаше на тој начин деби од соништата во тимот на Јирген Клоп. Претходно, Милнер од пенал во 35. минута донесе предност за „црвените“, а израмни Сигурдсон во 67. минута.
Манчестер јунајтед, пак, во самиот финиш од мечот го скрши отпорот на Дерби Каунти. „Црвените ѓаволи“ славеа со 2-0 со погодоците на Лингард во 84. минута и Лукаку во 90. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА