Ливерпул и Манчестер јунајтед во трка за „ѕвездата“ на Лидс

Англиските премиерлигаши, Ливерпул и Манчестер јунајтед влегуваат во трка за потписот на ѕвездата на Лидс, Калвин Филипс. Филипс прикажува одлични партии во дресот на Лидс, но беше стандарден и во репрезентацијата на Англија на Европското првенство летово на кое „гордиот албион“ по изведување на пенали загуби во финалето од Италија.

Манчестер јунајтед има големи проблеми во средниот ред каде главна „алка“ е Фред, па затоа уште во јануари сака да доведе фудбалер кој ќе може да ги покрие дупките особено во дефанзивните задачи. Од друга страна и Јирген Клоп сака да ја засили средината која веќе полека, но сигурно старее.

Филипс потекнува од младинскиот погон на Лидс, а во првиот тим е од 2014 година.

Се вчитува...