Офанзивниот фудбалер на Шалке и германската репрезентација, Макс Мејер од летово би можел да заигра во Премиер лигата. Ливерпул и Тотенхем се главни кандидати за неговиот потпис, но не се исклучува опцијата да го продолжи договорот со Шалке. Договорот му истекува идното лето, па разбирливо е клубовите од поголем ранг да се распрашуваат за неговите услуги.
„Нема преговори за нов договор, не ја исклучувам опцијата околу заминување, шансите засега се 50-50.“ – изјави Мејер.
Покетино и Клоп се запознаени со Мејер и нивните скаути редовно ја следат неговата игра. Во неговите тинејџерски години беше поврзуван со трансфер во Арсенал, но на крајот беа само шпекулации.
Мејер е еден од најталентираните играчи од Германија. 21-годишниот креативец е капитен на младата репрезентација, а веќе забележа и четири настапи за сениорите. Оваа сезона за шалке на 32 настапи постигна два гола и четири асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА