Ливерпул и Ван Дајк наскоро на заедничка маса за нов договор

Ливерпул и Вирџил ван Дајк ќе седнат на преговарачка маса за што поскоро да го обноват договорот на играчот. Актуелниот договор на Холанѓанецот истекува на крајот од сезоната, но тој во неколку наврати изјави дека сака да остане на „Енфилд“ и се чини дека тоа ќе се случи се додека двете страни се договорат околу параметрите на новиот договор на играчот.

„Ливерпул е подготвен да започне преговори за продолжување на договорот на Вирџил ван Дајк, кој истекува во јуни. Холанѓанецот побара неговиот нов договор да биде до 2027 година“, пренесува експертот за трансфери, Николо Скира.

33-годишниот Ван Дајк е еден од најважните играчи во тимот на Ливерпул и не случајно ја носи и капитенската лента. Тој пристигна на „Енфилд“ во јануари 2018 година од Саутемптон за 84,65 милиони евра, што го прави еден од најскапите дефанзивци во светот. Досега за Мерсисајдс има 276 настапи, 24 гола и 12 асистенции.

Се вчитува...