Ливерпул и Жота продолжуваат заедно до 2027 година

Луверпил и Диого Жота остануваат заедно до 2027 година откако англискиот клуб денеска и официјално го продолжи договорот со напаѓачот. Жота е дел од „црвените“ од 2020 година, а и покрај тоа што имаше договор до 2023 година, доби повисока плата согласно со неговиот придонес за тимот.

Португалскиот репрезентативец на 85 одиграни натпревари во дресот на Ливерпул постигна 34 гола, а и покрај тоа што не можеше да му помогне на својот тим во финалето на Комјунити шилд се очекува да биде од огромна помош за тимот во новата сезона.

Се вчитува...