Ливерпул игра за историја во Премиер-лигата

Фудбалерите на Ливерпул ќе го пречека Вест Хем во последниот натпревар од 27. коло во Премиер-лигата. Шампионот на Европа игра неверојатно сезонава и на 26 натпревари запиша неверојатни 25 победи, а само еднаш ремизираше.

Вечерва тие ќе имаат шанса да се впишат во историјата на англискиот шампионат. Екипата на Јирген Клоп е во серија од 17 победи, а доколку успеат да слават и вечерва ќе го изедначат рекордот на Манчестер Сити од сезоната 2017/2018 по бројот на победи во низа.

Исто така Ливерпул има 20 победи во низа на домашен терен серија која трае од 9. февруари 2019 година. Доколку денеска победат „црвените“ тие ќе го урнат рекордот на Манчестер Сити кој исто така имаше 20 победи во низа во периодот од 5. март 2011 година до 21. март 2012 година.

Се вчитува...