Нападот на Ливерпул функционира фантастично сезонава дури и по заминувањето на Кутињо, па раководството на „црвените“ неслучајно прави се што е во негова моќ за да осигура потпис на нови договори со клучните фудбалери. Преговорите со Роберто Фирмино стартуваа уште пред неколку месеци, а сега на дневен ред дојдоа и преостанатите двајца од офанзивното „трио фантастико“ на гигантот од „Енфилд роуд“.
Мохамед Салах дефинитивно е најдобриот трансфер во Премиер-лигата за оваа сезона, Египќанецот има договор до 2022 година, но Реал Мадрид покажува интерес, што е доволна причина за аларм во Ливерпул. Токму поради ова „црвените“ подготвуваат понуда за плата во висина од 200.000 фунти неделно, се со цел да го убедат Салах да потпише нов договор и да го продолжи својот престој на „Енфилд“.
Мане исто така ќе добие подобра плата како награда за добрите игри во овие две сезони, по трансферот од Саутемптон. Тој во моментов заработува „само“ 80.000 фунти неделно, а Ливерпул е подготвен да му даде зголемување од 50%, за потпис на нов договор со важност до 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА