Благодарние на головите на Луис Диаз и Дарвин Нуњез, Ливерпул уште по првиот дел ја обезбеди победата во дуелот со Борнмут на „Енфилд“.
Диаз во 26. минута од средбата донесе предност, а истиот играч само две минути подоцна по вторпат го совлада Кепа и донесе 2-0. Нуњез со убав гол во 37 минута зголеми на 3-0, што на крајот беше конечен резултат.
Во второто полувреме и двата тимаа имаа шанси, а Киеза ја погоди и стативата од голот на Кепа, но промена на резултатот немаше.
Астон Вила имаше негатива од дуелот со Вулверхемптон, но во вториот дел дојде до победа од 3-1. Фулам го изненади Њукасл победувајќи го со 3-1, а Лестер и Евертон одиграа 1-1, исто како и Саутемптон – Ипсвич. Тотенхем го совлада Брентфорд со 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА