Ливерпул има план „Б“ ако не го ангажира Исак

Трансферот на Александер Исак за рекордна цена останува топ приоритет на Ливерпул ова лето, но доколку не успее да стигне до ангажман на шведскиот голгетер актуелниот премерлигашки шампион има и план „Б“.

Тоа е Саму Омородиан, младиот шпански голгетер кој минатата сезона се поврзуваше со трансфер во Чесли, но откако истиот пропадна премина во Порто каде покажа класа.

Дваесетиедногодишникот постигна 19 голови на 30 одиграни средби во португалското првенство, а имаше и одличен настап на интернациоанлната сцена забележувајќи шест голови на девет средби во Лига Европа и два гола на три одиграни натпревари на ФИФА Светското клупско првенство па и неговата цена на трансферот маркетот се зголеми на 50 милиони евра.

За разлика од Исак кој би го чинел Ливерпул околку 150 милиони евра, ангажманот на Омородиан би бил со двојно помала цена.

Се вчитува...