Ливерпул има план за Белингем: Татко му ќе стане скаут, на „Енфилд“ ќе дојде и братот на „бисерот“

Џуд Белингем останува главна желба на Ливерпул, откако средниот ред се покажа како главен проблем на тимот на Јирген Клоп сезонава, а „црвените“ го избраа токму асот на Борусија Дортмунд како идеално засилување за наредното лето.

За услугите на Белингем се интересираат и Манчестер Сити и Реал Мадрид, но гигантот од „Енфилд“ има план како да го убеди англискиот репрезентативец, обединувајќи го со семејството на „Енфилд роуд“. Таткото Марк уште минатиот месец беше посочен од англиските медиуми како главен адут на Ливерпул во оваа трка, а денеска беше обелоденето и зошто – газдите на клубот веќе му понудиле на таткото на англискиот „бисер“ да стане скаут на клубот.

Покрај Марк, Ливерпул има подготвено понуда и за помладиот брат на Џуд, Џоуб Белингем, кој има 17 години и исто како и повозрасниот брат уште од тинејџерските денови настапува за Бирмингем сити во Чемпионшип-дивизијата.

„Црвените“ подготвија 10 милиони фунти кои ќе бидат понудени до Бирмингем за младиот Белингем, се со цел да го осигураат потписот на Џуд како трансфер од 100 милиони фунти по завршувањето на сезонава.

Се вчитува...