Ливерпул има список од тројца тренери за наследник на Јирген Клоп

Англискиот премиерлигаш Ливерпул направи список од три имиња со главни кандидати за менаџерската функција, пренесуваат медиумите на Островот. „Црвените“ бараат млад стратег кој меѓу другото ќе се развива во клубот.

Меѓу кандидатите се Чаби Алонсо (Баер Леверкузен), Роберто де Зерби (Брајтон) и Рубен Аморим (Спортинг Лисабон). Актуелниот менаџер Јирген Клоп најави дека без разлика на резултатите, на крајот на сезоната ќе го напушти „Енфилд“, по одличните девет години кои ги помина во поранешниот англиски шампион.

Приоритет на „црвените“ ќе биде ангажманот на поранешниот фудбалер на клубот, Чаби Алонсо, но проблем претставува што за овој одличен стратег сериозен интерес покажува и Баерн Минхен. Доколку не успеат да дојдат до Шпанецот, челниците на Ливерпул ќе го насочат вниманието кон Де Зерби и Аморим.

Се вчитува...