Ливерпул одигра одличен натпревар во 28. коло од Премиерлигата, триумфирајќи со убедливи 5-2 против Вест Хем на „Енфилд роуд“.
„Црвените“ победата си ја осигураа уште во првото полувреме.
Уште во 5. минута погоди Екитике за 1-0, за да во 24. минута и Ван Дајк стрела за 2-0. Во 43. минута и Мек Алистер се запиша во листата на стрелците.
Гакпо во 70. минута погоди за 4-1, откако претходно гостите ја намалија предноста на Ливерпул. А, по голот на Кастеланос во 75. минута за 4-2, веќе во 82. минута автогол на Дисаси за конечни 5-2.
Евертон, пак, со 2-3 победи на гостувањето против Њукасл. Победата за Евертон ја донесе Бери во 83. минута.
Вистински драматичен натпревар одиграа Барнли и Брентфорд, кој го доби Брентфорд на гостински терен со 3-4. Брентфорд имаше водство од 0-3, па Барнли дојде до 3-3, а Дамсгард потоа во 93. минута стрелаше, сепак, за победа на Брентфорд од 3-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

