Ливерпул испушти два бода во финишот во градското дерби (ВИДЕО)

Ливерпул остана без планираните три бода, и освои само еден во дуелот со градскиот ривал Евертон во заостанатиот натпревар од 15. коло кој се одигра вечерва на „Гудисон“.

Ливерпул најпрво губеше, па направи пресврт, и имаше предност се до последните секунди, кога Евертон успеа да му „откине“ два бода.

Бето во 11. минута од средбата успеа да донесе водство. Сепак, радоста траеше само пет минути, затоа што Мекалистер израмни во 16-тата.

Кога Салах погоди во 73. минута и го донесе Ливерпул во предност, се чинеше дека „црвените“ ќе дојдат до нова победа. Но така не мислеше about:blank кој во 98 минута успеа да израмни на општа радост на домашните навивачи.

 

Се вчитува...