Ливерпул не успеа да слави на тешкото гостување кај Сандерленд (2-2), во 20-то коло од англиската Премиер лига. Први во водство дојдоа фудбалерите на Ливерпул, преку Даниел Стариџ, а Џермејн Дефо од пенал го израмни резултатот, а една минута подоцна, истиот играч имаше шанса да направи комплетен пресврт.
Во второто полувреме, двете екипи тргнаа поофанзивно, а Мане во 72 минута го доведе Ливерпул повторно во предност. Десетина минути подоцна, истиот играч беше трагичарот за „редс“ откако играше со рака во својот шеснаесетник, а реализатор од белата точка, повторно беше Дефо. Ова беше и последен меч за Мане пред Купот на Африкански нации, а дополнителен проблем за Клоп претставуваат повредите на Милнер и Стариџ, кои заедно со Хендерсон (се повреди на дербито со Сити) ќе отсуствуваат извесен период од терените.
Манчестер сити со многу мака го скрши отпорот на Барнли, триумфирајќи со 2-1. Гвардиола експериментираше и ги остави Агуеро и Силва на клупата, а ситуацијата се искомпликува по црвениот картон на Фернандињо во првото полувреме, трет за Бразилецот сезонава. Клиши го отвори резултатот, потоа на 2-0 зголеми Агуеро, по што гостите успеаја да намалат на 2-1. Во самиот финиш херој на „граѓаните“ беше Браво, кој одбрани опасен удар на еден гостински фудбалер во 90. минута.
ВБА со три гола во второто полувреме направи целосен пресврт и славеше над Хал со 3-1, додека Евертон го доби дуелот со Саутемптон со 3-0.
All Goals & highlights – Sunderland 2-2… by mohtv
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА