Ливерпул „изгоре“ во пеколот во Истанбул, автогол го расипа „кам-бекот“ на Мурињо во Лондон (ВИДЕО)

После првиот пораз во Премиерлигата, Ливерпул го претрпе и првиот неуспех во Лигата на шампионите. Вечерва тимот на Арне Слот е поразен од Галатасарај во Истанбул со 1-0. Голот за голем триумф на домашните го постигна Виктор Осимен од пенал кој го направи Собослаи. Нигериецот уште во 16. минута погоди од белата точка. Двата тима имаа шанси до крајот на мечот, но резултатот остана непроменет. Во 90. минута беше досуден пенал за Ливерпул, но Турпан ја смени одлуката по прегледување на ВАР снимката.

Неславно враќање на „Стемфорд Бриџ“ имаше Жозе Мурињо, кој со Бенфика загуби минимално со 1-0. Автоголот на Риос уште во 18. минута беше решавачки за победникот на овој меч. Португалецот доби овации од навивачите на Челси, кои не забораваат што направи „специјалниот“ за нивниот клуб.

Бодо Глимт беше на праг на голема победа над Тотенхем, но англискиот тим успеа да се спаси во последните мигови. Норвешкиот тим промаши и пенал во 35. минута, но успеа да дојде во предност во 53. минута преку Хауге. Истиот играч погоди и во 66. минута, додека две минути подоцна англискиот тим успеа да намали преку Ван де Вен, додека израмнувачкиот гол беше автогол на Гундерсен.

Атлетико Мадрид влезе во форма, и после петте дадени гола на Реал Мадрид, вечерва му даде исто толку и на Ајнтрахт Франкфурт за победа од 5-1. Голем дел од прашањето околу победникот, Атлетико го реши во првиот дел, кога имаше предност од 3-0 со головите на Распадори, Ле Норман и Гризман. На стартот од вториот дел Буркард намали на 3-1, но веднаш потоа Џовани Симеоне зголеми на 4-1, а Алварез од пенал го постави конечниот резултат.

Фото: X/Atletico de Madrid

Убедлив трифум оствари и Олимпик Марсеј, кој со 4-0 го совлада Ајакс. Апсолутен херој беше Игор Пакшао кој во 6. и во 12. минута донесе предност за Марсеј од 2-0, а потоа Гринвуд зголеми на 3-0. Пакшао потоа асистираше до Обамејанг, кој го постигна четвртиот гол за францускиот тим.

Интер немаше проблеми во дуелот со Славија Прага, и успеа да дојде до вториот триумф во ЛШ. „Нероазурите“ славеа со 3-0 со двата гола на Лаутаро Мартинез и едeн на Дамфрис.

Фаворитската улога ја оправда и тимот на Баерн Минхен. На гостувањето на Кипар кај Пафос, славеше со убедливи 1-5. Хари Кејн постигна два гола, а по еден дадоа Гереро, Џексон и Олисе.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...