Ливерпул изненади во „пет до дванесет“: Дијаз го бараа Тотенхем и Јунајтед, но тој доаѓа на „Енфилд“

Ливерпул беше премногу тивок во текот на јануарскиот преоден рок, но „црвените“ изненадија со одличен потег пред самиот крај на месецот, осигурувајќи го потписот на Луис Дијаз. Колумбискиот репрезентативец бележи одлични игри во дресот на Порто, а Ливерпул излезе како победник од трката за негов потпис откако Порто ја прифати понудата вредна вкупни 50 милиони фунти. Од нив, 37,5 милиони фунти ќе бидат платени за самиот трансфер, а 12,5 се поврзани со најразлични клаузули во врска со настапите на Дијаз за Ливерпул.

Крилниот офанзивец беше најавуван како „речиси сигурно засилување на Тотенхем“, но неумешноста на Даниел Леви во преговорите дефинитивно повторно ќе го разлучи Антонио Конте како што тоа беше случај со Адама Траоре. Во последните петнаесетина дена интерес за истиот фудбалер покажа и Манчестер Јунајтед, но „црвените ѓаволи“ посакуваа летен трансфер на Колумбиецот, а Ливерпул го искористи тоа и во „пет до дванаесет“, пред крајот на преодниот рок осигура значаен трансфер.

Со доаѓањето на 25-годишниот колумбиски репрезентативец, Јирген Клоп ја подмладува навалната линија, а Ливерпул воедно најавува и дека еден од Мане и Фирмино (можеби и Салах, доколку во меѓувреме не потпише нов договор) ќе биде достапен за трансфер на крајот од сезонава.

Се вчитува...