Ливерпул ја исполни желбата на Клоп: Младиот бисер доаѓа на „Енфилд“ од следната сезона (ФОТО)

Ливерпул не успеа да го ангажира Фабио Карваљо во зимскиот преоден рок, но успеа да го договори неговиот трансфер на крајот на оваа сезона, пренесува добро упатениот Фабрицио Романо. За неговите услуги „црвените“ ќе издвојат 5 милиони, плус додаток од 2.7 милиони во бонуси.

Фудбалерот на Филам беше голема желба на повеќе европски гиганти, но Ливерпул беше најконкретен во преговорите уште во зимата. Очекувањата се Фабињо веќе од следната сезона да добие шанса за место во почетните единаесетмина, а доколку успее да ја пренесе одличната игра од Чемпионшипот јасно е дека Ливерпул ќе добие големо засилување за иднината.

Се вчитува...