Англискиот премиерлигаш Ливерпул се бори за пласман во Лигата на шампионите, но менаџерот Јирген Клоп паралелно ги планира и засилувањата за следната сезона. Една од желбите на „црвените“ од „Енфилд роуд“ е Тимо Вернер, напаѓачот на бундеслигашот Лајпциг, најпријатното изненадување во германскиот шампион оваа сезона.
Младиот 21-годишен напаѓач е вистинска сензација, досега има постигнато 14 гола во Бундес-лигата, а Клоп смета дека одлично би се вклопил во стилот на играта на Ливерпул. Покрај Вернер, Ливерпул е сериозно заинтересиран и за Џулијан Брант, крилниот играч на Баер Леверкузен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА