Ливерпул на лето планира да го ангажира дефанзивецот на Јувентус, Андреа Камбијасо. Италијанецот би требало да биде замена за Трент Александер-Арнолд, кој е блиску до преселба во Реал Мадрид.
Јасно е дека веројатноста Трент да се пресели во Реал Мадрид е огромна, па „црвените“ веќе работат на негова замена на „Енфилд“. Арнолд ќе потпише петгодишен договор, кој стапува на сила на 1. јули кога десниот бек ќе стане слободен играч.
Камбијасо е дел од Јувентус од 2022 година. Сезонава одигра 35 натпревар во сите натпреварување, постигнувајќи 2 гола и 3 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА