Ливерпул ја одби понудата на Јувентус

Јувентус почна официјални преговори со Ливерпул за ангажман на Федерико Киеза, но англискиот првак ја одби понудата на „старата дама“ за италијанскиот репрезентативец.

Киеза самиот побарал да му биде дозволено да замине во клуб каде би имал поголема минутажа за да се избори за место во националниот тим, а Јуве покажа сериозен интерес за да го врати назад во клубот, на позајмица до крајот на сезонава. Понудата на „црно-белите“ од Торино беше за позајмица со клузула за можен откуп, но истата била експресно одбиена од страна на управата на Ливерпул.

Во таборот на англискиот гигант се свесни дека Киеза не е дел од плановите нa Aрне Слот, па инсистираат ако тој си замине тоа да биде со перманентен трансфер. Во најлош случај, позајмицата мора да биде со клаузула за сигурен трансфер во летниот преоден рок, таа порака била испратена и до Јувентус, па останува да се види дали „старата дама“ ќе испрати нова понуда согласно она што го бара Ливерпул, или ќе се откаже од намерата за камбек на крилниот офанзивец.

Се вчитува...