Федерико Киеза е блиску до заминување од Ливерпул откако Арне Слот реши воопшто да не го повика италијанскиот офанзивец на турнејата низ Азија.
„Црвените“ по Екитике планираат нови засилувања за нападот, па јасно е дека за Киеза повторно ќе нема место во првиот тим откако Италијанецот ја мина речиси целата ланската сезона на клупата за резерви. Последните информации говорат дека англискиот првак ја одредил цената – очекува да заработи 15 милиони евра од продажбата на Киеза, враќање на ланската инвестиција кога го доведе овој фудбалер на „Енфилд“.
Она што е сигурно, Јувентус нема да тргне во офанзива за потписот на поранешниот фудбалер. „Старата дама“ планира да го финишира трансферот на Санчо и со тоа да ги затвори крилните позиции во тимот, јасно ставајќи до знаење дека Киеза не е опција откако долго одолговлегуваше во преговорите за нов договор, што на крај резултираше со евтин трансфер од Јувентус.
Информациите од Италија говорат дека Аталанта е тимот што е најзагреан за овој фудбалер, подготвен и да ја плати бараната сума. Покрај тимот од Бергамо, опција е и Рома, а како „план Б“ за Киеза остануваат Фиорентина и Болоња, кои се позагреани за опција за позјамица отколку за целосен откуп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

