Дејан Ловрен е на добар пат да си замине од Ливерпул откако Рома се врати во преговорите со актуелниот европски првак испраќајќи нова понуда за Хрватот.
„Црвените“ ги прекинаа преговорите со римскиот клуб пред петнаесетина дена откако Рома се премисли, па наместо за откуп на договорот испрати само понуда за позајмица. Во меѓувреме Ливерпул почна преговори со Баер Леверкузен за Ловрен, но римскиот клуб се врати со нова понуда.
Рома е подготвена да плати три милиони евра за позајмица, со клаузула за автоматски откуп на договорот штом Ловрен одигра одреден број натпревари за римскиот клуб (се шпекулира со 25 одиграни средби во текот на целата сезона). Според хрватскиот весник „Спортске новости“, челниците на Ливерпул се подготвени да ја прифатат понудата за да се ослободат од фудбалерот кој зема плата од 100.000 фунти неделно, а кој не е дел од плановите на Јирген Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА