Ливерпул им се врати на победите во Премиерлигата откако во 6. коло славеше на гостувањето кај Вулверхемптон со 1-2.
„Црвените“ поводоа во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме преку Конате, а изедначување донесе Аит-Нури во 56. минута. За нова предност вредна три бода за Ливерпул се погрижи Салах кој реализираше пенал во 61. минута.
Со овој триумф Ливерпул се врати на врвот на табелата во елитниот англиски шампионат, додека Вулверхемптон останува закован на дното на табелата со само еден бод.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА