За Јирген Клоп нема никакви дилеми, Даниел Стариџ не му е потребен во тимот за наредната сезона, па менаџерот на Ливерпул е подготвен и за намалување на цената на овој голгетер, само за тој дефинитивно да си замине од „Енфилд роуд“. Ливерпул во јануарскиот преоден рок бараше 25 милиони фунти, на крајот го пушти Стариџ на позајмица во ВБА, но тој веднаш се повреди, а потоа и по враќањето на постигна ниту еден гол за новиот клуб, кој на крајот испадна од Премиер-лигата.
Договорот на Стариџ со Ливерпул истекува на крајот од новата сезона, но со оглед на фактот дека тој зема плата над 100.000 фунти неделно, а Клоп не смета сериозно на него, јасно е зошто „црвените“ инсистираат на негов перманентен трансфер наместо на позајмица. Европскиот вицешампион ја спушти и цената од 25 на 15 милиони фунти, се со цел што поскоро да најде купец за фудбалерот кој поседува огромен талент, но и се соочува со бројни проблеми со повреди низ својата кариера.
Лацио е една од опциите за Стариџ, исто како и Фенербахче и неколку англиски клубови, кои во следниот период ќе испратат официјални понуди. Ливерпул е со став најпрвин да преговара со сите оние кои ќе испратат понуди за трансфер, а дури доколку нема такви во предвид да ги земе понудите за позајмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА