Ливерпул ја затвори вратата: Луис Дијаз не „мрда“ од „Енфилд роуд“

Луис Дијаз и дефинитивно ќе остане во Ливерпул и во наредната натпреварувачка сезона откако управата на „црвените“ реши воопшто да не преговара за продажба на колумбискиот интернационалец.

Барселона беше поврзувана со Дијаз, но каталонците на крајот се свртеа кон Нико Вилијамс, Ал Наср е клуб што се споменува со понуда од 100 милиони долари, а од пред неколку дена во трката по одличниот крилен офанзивец се вклучи и Баерн Минхен. Германскиот шампион најпрвин имал кратки разговори со агентот на Дијаз, но кога се обиделе да стапат во контакт со раководството на Ливерпул челниците на баварскиот гигант биле непријатно изненадени.

„Ливерпул нема намера да го продаде Дијаз и ја затвори вратата за негово заминување летово. Баерн навистина беше заинтересиран и се обиде да стартува преговори, но тие траеја премногу кратко. Ставот на Ливерпул беше дециден, вооошто и не стана збор за цифри, туку само за тоа дека Дијаз не е на продажба“, информираат англиските медиуми.

Колумбиецот има уште две години од актуелниот договор со англискиот шампион, па јасно е зошто на „црвените“ не им се брза, верувајќи дека имаат доволно време за да потпишат и нов договор со поранешниот играч на Порто.

Се вчитува...