Ливерпул би можел да биде исфрлен од Лига-купот на Англија откако беше обелоденето дека е покрената истрага против клубот од „Енфилд“, бидејќи еден од фудбалерите кои настапиле на последниот дуел со МК Донс не ги исполнувале критериумите за учество во ова натпреварување. Истрагата е веќе во тек, а „црвените“ најавија целосна соработка со одговорните лица.
„Соработуваме со релевантните власти за оваа тема за да се утврдат фактите според кои е стартувана истрагата. Нема да даваме дополнителни коментари додека истрагата не биде завршена“ – изјави портпаролот на Ливерпул.
Идентитетот на „спорниот фудбалер“ засега не се обелоденува во јавноста, но јасно е дека станува збор за некој од помладите играчи, кои против МК Донс го имаа своето деби сезонава. Јирген Клоп го стартуваше мечот со Келехер, Брустер и Харви Елиот, а во второто полувреме во игра влегоа и Сеп ван дер Берг и Херби Кејн.
Доколку Ливерпул не биде исфрлен од натпреварувањето, во осминафиналето треба да се сретне со големиот ривал Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА