Англискиот премиерлигаш Ливерпул ќе се обиде да доведе ново засилување во навалната линија во зимскиот преоден рок. Погледите на менаџерот Јирген Клоп одат до далечната Кина, каде тој ги следеше игрите на Алекс Тепеира, кој го носи дресот на Џиангсу сунинг.
Тешеира долго време е на листата на желби на клубот од „Енфилд роуд“, а раководството не успеа да го доведе во 2016 година кога понуди 25 милиони фунти во периодот додека го носеше дресот на Шахтјор Доњецк.
Клоп сака нов напаѓач затоа што Даниел Стариџ речиси сигурно ќе добие суспензија поради нелегално обложување, а Дивок Ориги е пред заминување во Милан на позајмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА