Според пишувањата на англиските медиуми, Ливерпул има намера во летниот преоден рок да направи мал ремонт во одбраната на својот тим, и да донесе големо засилување. Откако ја засилија средината со Вирц, нападот со Исак, сега на ред дојде одбраната, а прв пик за стоперската позиција е играчот на Интер, Алесандро Бастони.
„Црвените“ ќе имаат големи проблеми со одбраната доколку Конате замине како слободен агент, па не сакаат да препуштат ништо на случајот, и уште од сега се „растрчани“ по негова замена.
Интер е подготвен да се откаже од Бастони, но само по цена од 90 милиони евра. Се под таа цена не доаѓа во предвид од страна на лидерот во италијанската Серија „А“. А, со оглед дека во последно време тимот од Енфилд се „расфрли со пари“ за трансфери, нема да биде изненадување ако се согласи да ја плати оваа цифра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

