Ливерпул на лето ќе размислува и за подмладување на екипата, а Арне Слот ќе сака да донесе свој сонародник во одбраната на „црвените“. За таа цел Ливерпул го следи младиот стопер на Ајакс, Јорел Хато. Овој 18-годишен фудбалер веќе има 63 настапи за Ајакс, и важи за еден од најдобрите млади стопери на денешницата.
Хато има договор до 2028 година со тимот од Амстердам, а Ливерпул се надева дека ќе го убеди Ајакс да го пушти за сума од 35 милиони евра. Покрај стоперската позиција, Хато може да игра и како лев бек.
Исто така приоритет за моменталниот лидер на табелата во Премиерлигата во летниот преоден рок ќе биде ангажман на десен бек, со оглед дека Тренд Александер-Арнолд е многу блиску до селидба во Реал Мадрид по завршувањето на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

